14 новозаболени кумановци, 319 случаи на коронавирус во земјава

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа регистрирани се 319 нови случаи на КОВИД-19, меѓу нив 14 новозаболени кумановци.  Од вкупниот број на позитивни (319) ,регистрирани се 59 реинфекции.

Регистрирани сe 258 оздравени пациенти и едно починато лице од: Скопје ( 66 г. ).

Бројот на активни случаи во земјава изнесува 1.973.

Во Куманово 73 активни случаи на Ковид-19.

Коментари

коментар(и)