15 кумановци казнети заради маска

Петнаесет лица вчера во Куманово биле казнети поради непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, информира МВР.

Вкупно биле издадени 19 прекршочни налози, 15 биле на подрачјето на Куманово и 4 во Кратово.

Против нив, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, поднесени се соодветни поднесоци.

Коментари

коментар(и)