16-та генерација студенти на „Еуро Колеџ“

Денеска почнува новата академска 2019 /2020 –та година во Македонија. Еуро Колеџ годинава ја запишува 16-тата генерација на бизнис студии во Куманово. Деканот на Еуро Колеџ, Љубиша Петрушевски го посочува фактот дека драстично се намалува бројот на македонските студенти поради се почестите иселувања на младите од државата. Но, од друга страна пак, на колеџот студираат се повеќе странци, најчесто од Азија.

-Ние сме подготвени на еден таков удар од страна на студентите бидејќи ние веќе од 2011-та работиме со студенти од Азија во нашиот Центар во Дубаи и тој број се повеќе и повеќе се зголемува. Другите колеги се заинтересирани за доведување на студенти од Турција. Оваа година ќе има студенти и од Јордан, Саудиска Арабија, Бангладеш и од некои други земји од Блискиот исток и од Азија така што ние ќе имаме изместување на таа студентска популација, се повеќе и повеќе ќе имаме странци, а се помалку Македонци, изјави д-р Љубиша Петрушевски, декан на „Еуро Колеџ “

Петрушевски најави отворање на нов Центар во соработка со државниот британски универзитет „Лондон Метрополитен“  во скопската населба Аеродром кон крајот на годинава, а веќе од јануари следната година наставата ќе се изведува исклучиво на англиски јазик, а студентите ќе добиваат двојни дипломи.

-Се надеваме дека од наредната година ќе заинтересираме наши студенти, но и странци, пред се од луѓе од регионот, Косово, Србија, Бугарија, Албанија. Наша цел е да го замениме факултетот Шефилд, рече Петрушевски.

За разлика од Куманово каде што студентите учат бизнис студии, во Скопје ќе имаат можност да студираат информатичка технологија. 

-Мора да нагласам дека со поддршка на „Лондон Метрополитен“  универзитет кој ја поседува најдобрата лабораторија за сајбер секјурити во Европа и има специјален центар за вештачка интелигенција ќе се трудиме да донесеме нешто сосема ново, не генерални информациски студии, туку повеќе насочени кон области кои се сега многу интересни. Се надевам дека тоа ќе им даде доволна иницијатива на студентите да не одат во странство, туку дека можат да добијат квалитетно образование и во Македонија, изјави Петрушевски.

Приватната високообразовна професионална установа за бизнис студии Еуро Колеџ во Куманово е формирана на 11 ноември 2003-та  година.



Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)