16.000 граѓани останале без работа во пандемијата

Вкупно 16 073 граѓани го загубиле своето работно место од почетокот на пандемијата. Според официјалните податоци на Агенцијата, овие граѓани се одјавени од задолжително социјално осигурување и останале невработени во периодот по 11 март, 2020 година, заклучно до 31 декември, 2021 година.

Во Агенцијата за вработување во моментов се пријавени 130 982 активни баратели на работа и 54 638 други граѓани кои се пријавуваат на шест месеци и тие се сметаат за пасивни баратели на работа.

Коментари

коментар(и)