166 лица аплицирале за субвенционирање на комунални услуги

Општина Куманово и годинава продолжува со субвенционирање на трошоците за комунални услуги. Рокот за поднесување на барањата за остварување на ова право заврши на 15-ти јануари, а вкупно аплицирале 166 –мина граѓани од категоријата стечајни работници и самохрани родители, инфомира раководителот на Секторот за Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, Цоки Ристовски.

-Во категоријата стечајни работници беше предвидено да се субвенционираат 130 стечајни работници и во соработка со здружението  УНИТ да достават список кои се тие стечајни работници. Здружението достави уредно список, а од тие што ги достави по список се пријавија, односно поднесоа документи  105 стечајни работници. Сите оние стечајни работници кои што поднеле барања, а во меѓувреме ќе ги исполнат условите по новиот Закон за стечајни работници за обесштетување, одноано добивање парична помош ќе им биде прекинато субвенционирањето и најверојатно и причината поради која има помал број на поднесени барања од стечајните работиници е токму поради тоа што знаат дека ќе бидат опфатени со новиот закон.

Што се однесува до категоријата самохрани родители, ние предвидуваме да субвенционираме 100 семејства. Минатата година субвенциониравме и беа пријавени 98 семејства, оваа година поднесоа 61 семејство документи за субвенционирање на комуналните трошоци, изјави Цоки Ристовски, раководител на Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита.

Иако Општина Куманово навремено ги информираше граѓаните за рокот за поднесување на барањата за остварување на ова право, сепак имало граѓани кои што сакале да аплицираат по истекот на предвидениот рок, но барањата потенцираат надлежните.

-Ние како сектор при општината нормално ги информиравме граѓаните преку веб страницата на Општина Куманово, а дадовме и соопштение преку медиумите дека докуметите  требаше да се поднесат од 01 до 15-ти јануари. После 17-ти јануари дојдоа неколку граѓани кои што сакаат да поднесат барања после изминатиот рок, но од наша страна им беше укажано дека го испуштиле рокот, изјави Ристовски.   

За субвенционирање на трошоците за потрошена вода и изнесување на смет, со буџетот на Општина Куманово за годинава проектирани се вкупно 276.000 денари, односно 156.000 денари за категоријата стечајни работници и 120.000 денари за самохрани родители, што пак не значи дека сите ќе бидат потрошени.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)