17 новозаболени во Куманово, 166 во државата

166 нови случаи на коронавирусот на ниво на државата, од нив седумнаесет новозаболени лица од Куманово е ковид билансот во последните 24 часа. За среќа, во изминатото деноноќие нема починати лица како последица на компликации од коронавирусот.  Новозаболените се дијагностицирани по направените 1.756 тестирања, а најголемиот број од пациентите се од скопските општини-  46. Во Куманово во изминатото деноноќие направени се 23 тестирања, од кои 19 се преку „Мој термин“, информираат надлежните од Центарот за јавно здравје.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 224 оздравени пациенти, од нив 59 од Скопје, 34 од Куманово, 28 од Дебар, 17 од Гостивар и по неколку излекувани пациенти од останатите градови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.762, бројката на оздравени пациенти е 11.965,  починале 606 пациенти,  а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.191.

 

Коментари

коментар(и)