181 работодавачи не исплатиле плати на вработени за февруари и март

Вкупно 181 работодавачи не исплатиле плати на своите вработени за февруари и март, истакна директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

Од нив, 157 не исплатиле плата за еден месец, а 24 за двата месеца. Според Лукаревска, не се исплатени 753 месечни плати, а одобрената, но неисплатена финансиска помош се проценува на  над 12. Милиони денари.

Најголем дел од работодавачите кои не исплатиле плата се од Скопје, 71, потоа од Тетово 53 и 27 се од Битола.

Таа потенцира дека на работодавачите кои не дале плати, а земале финансиска помош веќе им се доставени опомени, а по истекот на рокот за опомена почнува постапката за присилна наплата на долгот.

Коментари

коментар(и)