188 санкционирани возачи на мотоцикли

Во текот на вчерашниот ден спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 188 возачи, од кои 65 биле исклучени од сообраќај. Од нив, 116 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 48 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во соопштението од полицијата.

Коментари

коментар(и)