Започнуваат фестивалските вечери во Куманово

На градскиот плоштад вечерва ќе се одржи деветтиот фестивал на новосоздадена шегобијна народна песна, „Тумба фест “, во организација на здружението „Етно ризница“. Уметничкиот директор на фестивалот, Игор Трајковски на денешната прес-конференција најави дваесетина реномирани музички уметници, учесници на „Тумба фест“, меѓу нив, Нино Величковски, Благица Павловска, Ирена Спасовска. Освен кумановскиот дијалект, македонскиот јазик, годинава на фестивалот ќе биде присутен и прилепскиот дијалект, валандовскиот, битолскиот. Фестивалот започнува во 20 часот, информира Трајковски.

-Меѓу пејачите кои вечерва ќе настапат на фестивалот се кумановскиот великан Нино Величковски, Челик бенд како фестивалски оркестар, Мирослав Крстевски, Лидија Спасовска со Oгнени момчиња, а од останатите учесници меѓу позвучните имиња ќе бидат Анета Мицевска и групата Молика, Благица Павловска, Скопски боеми, Ирена Спасовска, Влатко Алексовски и многу други, рече Игор Трајковски, уметнички директор на „Тумба фест “

Фестивалот Тумба фест ќе го пренесува и ТВ Плус, а настанот ќе се одржи согласно мерките за заштита од ковид 19.

Музичката културна недела продолжува утревечер и в четврток со 16-тото издание на Рома Турба фест. Двете вечери ќе настапат реномирани дувачки оркестри од Македонија и Србија, рече Самет Салиевски, претседател на КУД Рушит Шакир, организатор на Рома Труба Фест.

– рече Самет Салиевски, претседател на КУД „Рушит Шакир“

В петок и сабота на градскиот плоштад ќе се одржи и седумнаесетиот по ред „Меѓународен тамбурашки фестивал“ – Куманово 2021. Првата фестивалска вечер ќе ја отвори Октет Куманово.

На првата фестивалска вечер ќе настапат:
– Октет Куманово (Р.С Македонија);
– Т.О. Ташко и пријателите (Р.С Македонија);
– Т.О. Госпон Тамбураши (Нови Сад, Р. Србија);
– ДАЦ И АЛЕКСАНДАР;

На втората вестивалска вечер ќе настапат:
– Т.О. Табиет (Р.С Македонија);
– Трио Шербет (Р.С Македонија);
– Г.Т.О. Бања Лука (БиХ, Р. Српска);
– КАРОЛИНА ГОЧЕВА, рече  Нино Величковски, уметнички директор на „Тамбурашки фестивал“

– Фестивалот ќе биде организиран по сите протоколи за превенција од Covid-19, а задолжителна е и потврда за извршена вакцинација, рече Виктор Божурски, вд директор на Фондацијата за култура и спорт

Фестивалот е во организација на Фондацијата за култура и спорт „Куманово“ под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, со поддршка од Министерството за култура.

За „Тамбурашки фестивал“ од општинскиот буџет обезбедени се 800.000 денари и дополнителни 150.000 денари од министерството за култура. „Рома труба фест“ ќе биде поддржан со 650.000 општински пари и 140.000 денари од ресорното министерство, а за „Тумба фест“ кој ќе се одржи без финансиска поддршка од министерството за култура, општината обезбеди 300.000 денари.

Коментари

коментар(и)