19 јануари – неработен за православните христијани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците , 19 јануари 2021 година (вторник), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед.

Коментари

коментар(и)