2 починати лица и 12 нови случаи на КОВИД-19 во Куманово

Во последните 24 часа се направени 1.192 тестирања, а регистрирани се 193 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 110, Прилеп – 16, Кавадарци – 15, Куманово – 12, Штип -9, Тетово – 7, Кочани и Кичево – по 4, Велес – 3, Битола, Струга и Дебар – по 2, Охрид, Струмица, Неготино, Гевгелија, Свети Николе, Валандово и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани се 1.014 оздравени пациенти од:
Скопје – 427, Охрид – 62, Прилеп – 59, Битола – 58, Кавадарци – 52, Куманово – 42, Велес – 40, Гевгелија – 35, Гостивар – 29, Струмица – 27, Кочани – 20, Тетово – 19, Штип – 18, Валандово и Берово – по 14, Кичево и Свети Николе – по 12, Македонски Брод – 11, Неготино – 8, Крушево – 7, Струга, Делчево, Пробиштип и Богданци – по 6, Радовиш – 5, Ресен и Демир Капија – по 4, Крива Паланка, Демир Хисар, Кратово и Пехчево – по 2, Виница, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 34 починати лица: 15 од Скопје (54г, 56г , 60г, 60г, 63г, 63г ,67г, 67г 68г, 69г, 69г, 71г, 76г, 76г и 80г), 5 лица од Прилеп (62г, 64г, 70г, 85г и 87г), по 2 починати лица од Куманово ( 74г и 83г), Битола (59г и 75г), Штип (68г, 77г),Кочани (66г и 81г) и Кичево (66г и 68г), по едно лице од Велес (76г), Охрид (42г), Неготино (58г) и Свети Николе (68г). Од починатите пациенти, сите се починати во болнички услови.
Направени се 1.192 тестови преку: ИЈЗ-112, ЦЈЗ Скопје-19, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-79, Жан Митрев (Филип Втори)-165, Авицена-0, Биотек-198, Систина-249, лабораторија Лаор-0, Синлаб – 27, Ремедика-0, Плодност – 0, Генеа – 19, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 323.
Досега во земјата се направени вкупно 670.333 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 142.034, бројката на оздравени пациенти е 117.794, на починати е 4.262, а бројот на активни случаи изнесува 19.978.

Коментари

коментар(и)