20 години од НАТО агресијата на Србија

По повод 20 години од почетокот на НАТО агресијата на поранешната Сојузна Република Србија, Демократската партија на Србите во Македонија и регионалниот одбор на Српската заедница во Македонија од  Куманово вчера организираа помен во црквата Света Троица.

По едноминутно молчење во чест на загинатите цивили и војници во бомбардирањата, присутните запалија свеќи и порачаа дека никогаш нема да го заборават тоа страшно злосторство .

 – Мислам дека и денеска после 20 години не можам да сфатам и не можам да поверувам дека нормалниот човечки ум може да смисли можел да смисли такво сценарио – убиствени акции, акции во кои што загинаа огромен број жртви, за жал ние не го знаеме точниот број и веројатно никогаш нема да се знае, бидејќи Алијансата сака да го прикрие бројот, Алијансата сака ние да не се сеќаваме, да заборавиме на тоа што беше. Мислам дека не можеме да заборавиме и она што ми е драго дека не забораваат и оние деца кои тогаш не биле родени. Не можеме да заборавиме бидејќи тоа е толку апсурдна, толку бизарна агресија на една слободна држава, на еден народ кој со дипломатски игри на меѓународната заедница веќе бил доведен до страшни санкции, до на некој начин братоубиствена војна каде разбивајќи ја Југославија, се убиваа тогашните наши братски, а и ден -денес нашите братски народи, бидејќи сепак сме ние поврзани крвно, а не разбиваа со векови на основа на вера, политика, кралства и се останато. Денеска сме тука на некој начин да ги повикаме сеќавањата, да се потсетиме, да оддадеме почит на сите загинати и да проговориме за страдањата на нашиот народ, рече Гордана Јовиќ Стојковска, претседател на Српска заедница во Македонија

Инаку, при бомбардирањето на НАТО вршени се напади врз воени цели, но и врз стопански и цивилни објекти. Во нападите што траеле 78 дена без прекин, тешко се оштетени бројни инфраструктурни објекти, стопански објекти, училишта, здравствени установи, медиумски куќи, споменици на културата, цркви и манастири.

Бројот на цивилни жртви изнесува од  500  до 1200 загинати. Економската штета е проценета на 30 милијарди долари.

Коментари

коментар(и)