20 годишен јубилеј на Телевизија Феста

2 децении  Телевизија Феста,  20 години градење доверба преку макотрпна работа, предизвици, проблеми од различен карактер. Од медуим со скромни почетоци , ТВ Феста прерасна во медиум  со завиден рејтинг според гледаноста.  На роденденот бројни пријатели, колеги, политичари, советници, министри, градоначалници со своето присуство ја потврдија  медиумската зрелост и професионалниот пристап во известувањата за сите случувања во градот, без разлика дали станува збор за политика, економија, култура , спорт.

– Со вистински професионализам, желба за работа со ентузијазам и елан видовме дека се се може особено кога е за публиката за она за што е и наменета се постигнува целта, тогаш навистина ете поминаа 20 години како 2,3 часа, две три години, се на се навистина сме задоволни од она што го постигнавме зашто 20 години да подигнувате институција и тоа телевизија не е баш мала и лесна  работа, изјави Неџат Аќифи, сопственик на ТВ Феста

Иако програмската шема е стандардна и веќе со години препознатлива за Телевизија Феста сепак од година в година се осовременува. Столбот на медиумот  се вестите и информативните емисии, а не заостануваат ниту емисиите од економијата,  културата, спортот, музиката.

-ТВ Феста како што се знае според дозволата за работа се гледа во трите кумановски општини, но ние се гледаме во целиот свет преку современите ај пи тв дигитални пакети, е една од нив е и врвното смарт ворлд  тв и слично. Така што навистина успеваме да бидеме прозорец за информирање не само во кумановските општини , туку и во светот, рече Аќифи.

Сопственикот на телевизијата, а воедно и наш колега веќе од наредната недела најавува нови емисии со поинаков концепт од досегашните кои што ќе се реализираат  во реновирани студија и простории.

-Конкретно баш вие наидовте за првпат некој од надвор да доаѓа во новите студија, ќе има во прв план политички емисии заради тоа што веќе сме во предизборие, колку толку сакаме да придонесеме да имаат граѓаните јасна слика и сакам да напоменам дека емисиите нема да бидат наменети само за албанската популација, туку и за македонската и за другите граѓани кои живеат во нашата општина , ќе има од разни политички партии без разлика дали се од албанскиот или од македонскиот блок, сакаме да внесеме некоја новина во нашето кумановско поднебје, да седнат иако се ривали во политичкиот живот барем на маса да бидат како пријатели  да ги искажат своите ставови да го понудат тоа што го имаат на својот електорат додаде Неџат Аќифи, сопственик на ТВ Феста

Овој локален медиум  и во иднина ќе продолжи да ги следи и да информира за потребите на гледачите  зашто успехот на телевизијата, како и на сите останати медиуми зависи токму од нив.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)