20 милиони денари за индустриската зона во Речица

Општина Куманово ќе добие 20 милиони денари за отпочнување на градежни активности за реализација на индустриската зона Новине и Речица, со што ќе се отпочне и процес на понуда на парцелите кон инвеститорите. Ова следи по вчерашната одлука на Владата на Република Македонија. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски посочи дека моментално таму има само земјоделско земјиште, а со овие средства ќе се отпочне реализација на реална инфраструктура.

-Ја поздравувам оваа одлука на Владата, еве почна да му враќа на Куманово, се заблагодарувам во мое и име на граѓаните, бидејќи овие 20 милиони денари кои што се доделени како средства и ќе ни бидат трансферирани на наменска сметка на општината ќе значат многу, да можеме да отпочнеме со градежни активности во 2019 за реализација во индустриската зона Новине и Речица, на тој начин ќе се отпочне со реална рeaлизација на градежните парцели коишто потоа ќе бидат понудени на потенцијалните инвестотори во оваа индустриска зона. Во моментот таму имаме само земјоделско земјиште, нацртано на хартија но  со овие реални средства ќе можеме да отпочнеме со реализација на инфраструктура-нагласи тој.

Димитриевски дополни дека вкупната инвестиција во оваа зона би требало да се движи помеѓу 240 и 280 милиони денари, бидејќи се работи за површина од 60 хектари, но како што рече сепак овие 20 милиони денари ќе бидат доволни за почеток.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)