20 -годишен јубилеј на здружението „Нада Михајлова“ (ВИДЕО)

Здружението на жени „Нада Михајлова“ од Куманово вчеравечер одбележа 20 годишен јубилеј од формирањето во чии што рамки успешно опстојува и Поетскиот клуб Обденица. Претседателката Зора Ивановска говорејќи за жената борец на Третата Македонска ударна бригада истакна дека Нада Михајлова и нејзиното семејство дале голем придонес за слободна Македонија.

Чествувајќи го јубилејот, Ивановска потсети и на програмските активности на здружението во изминатиот период.

Ивановска на крајот се заблагодари на сите институции, организации, правни и физички лица кои што континуирано ги поддржуваат програмските активности, како што се Општина Куманово, НУ Центар за култура Трајко Прокопиев, здруженијата на борци и пензионери, Телевизија Плус.

 

Коментари

коментар(и)