20-ти ноември- Светски ден на детето

Секое дете има свои права и обврски. Но практиката покажува дека дел од правата на децата кои што се загарантирани со Конвенцијата се прекршуваат. 20 ноември се одбележува како Меѓународен ден на децата. Годинава, регионалната кампања по повод овој светски ден е со наслов „Улицата не смее и не е дом за ниедно дете“.

-Генерално тоа е проблем во целата наша држава , кога и да излеземе во било кој град ќе сретнеме деца на улица кои што просат, по маркети што е многу груба слика и мислам дека државата треба тука малку повеќе да се погрижи . Во рамките на оваа состојба која што ја има во целата држава треба да се размисли повеќе како и на кој  начин тоа да не постои повеќе бидејќи секое дете има право на живот, право на семејство и тоа е регулирано во законот за здравство и социјална заштита , и во овој закон центрите за социјална работа треба да обрнат малку повеќе внимание за да се реши овој проблем, изјави Виолета Стошевска, претседател на Здружение за грижа и воспитување на децата.

Конвенцијата за правата на децата е донесена во 1989 година од Организацијата на Обединетите Нации.

-Нашата држава е потписничка на овој документ во овој документ се ставени повеќе права меѓу кои , правото на живот, на семејство, на социјална заштита и слично , изјави Виолета Стошевска, претседател на Здружение за грижа и воспитување на децата

Регионалната кампања на национално ниво ја води Здружението за заштита на правата на детето како членка на Регионалната мрежа за деца вклучени во живот и/или работа на улица во Босна и Херцеговина (БиХ), Србија, Албанија и Македонија. Целта е да се искорени или барем да се намали питачењето на децата, а кај населението да се подигне свеста во смисла да не им даваат пари на децата што просат бидејќи со тоа и тие учествуваат во злоупотребата на детскиот труд односно го поттикнуваат детето на незаконски дејствија.

Коментари

коментар(и)