215 казни за маски викендов во Куманово

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (24.04/26.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 321 лице не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најголем дел се во Куманово 215, во Крива Паланка 70 и во Кратово 36.

За нив, како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Во текот на истиот период 27 лица не ја почитувале забраната за движење.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)