23 нови случаи на коронавирус во Куманово

23 нови случаи на коронавирус во изминатото деноноќие се регистрирани во Куманово, со што вкупната бројка на заразени во нашиот град изнесува 85.

Меѓу новозаразените има и здравствени работници од кумановската болница. Според директорката Снежана Захариева, во Општа болница Куманово има 11 здравствени работници позитивни на коронавирусот. Од вкупно заболените, двајца се доктори, тројца се ренген -техничари и шест медицински сестри од Одделот за хирургија,за инфективни болести и за неонатологија. Со последниве 11, вкупната бројка на заболени здравствени работници од Куманово изнесува 15.

На ниво на државата, во изминатото деноноќие регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка достигна до 430 лица, најмногу во Скопје – 208 случаи, а веднаш по главниот град е Куманово.  

Во последните 24 часа двајца пациенти починале на Клиниката за инфективни болести. За 70 -годишниот кумановец се чекаат резултатите дали бил позитивен на коронавирусот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)