Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на земјава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 234 возачи. Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 130 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 104 надвор од населено место.
234 санкции за брзо возење
