24 казни за лица кои не носеле маски

Според статистиката на Министерството за внатрешни работи во текот на изминатото деноноќие е евидентирано дека на ниво на СВР Куманово, 35 лица не ја почитувале уредбата за задолжително носење заштитни маски. Од нив, 24 се од Куманово, Крива Паланка 6 и Кратово 5.

Во истиот период пет лица не ја почитувале забраната за движење од кои 3 во Куманово и 2 во Кратово.

Коментари

коментар(и)