240 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на земјава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 240 возачи. Од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 132 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 108 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во соопштението од полицијата.

Коментари

коментар(и)