Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на земјава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 247 возачи. Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 133 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 114 надвор од населено место.
247 санкции за брзо возење
