26 кумановци казнети за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР , по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 36 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Најголем дел од казните биле напишани во Куманово – 26, во Крива Паланка – 6 и во Кратово – 4.

За истите, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период не се регистрирани непочитувања на забраната за движење, информираат надлежните.

Коментари

коментар(и)