26 точки на утрешната седница на Советот

Членовите на Советот на Општина Куманово утре ќе дебатираат и ќе треба да се произнесат по вкупно 26 точки на дневниот ред. Советниците најпрвин ќе одлучуваат за предлог-одлука за констатирање престанок на мандат на член на Советот на Општина Куманово како и предлог одлука за верификација на мандат на член на Советот.

Потоа следуваат извештајот за реализација на Програмата за работа на Советот за 2019 година како и за 2020 година,предлог – Одлука за давање согласност на Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“, предлог – Решение за давање на мислење на Статутот на ОУ „Браќа Миладиновци“ , „Вук Караџиќ“,„Кочо Рацин“  „Христијан Карпош“„Карпош“ село Умин Дол, нижото „Панче Пешев”.

Ќе се расправа и за предлог – Одлука за давање согласност на Дополна на Годишен план за вработување во 2020 година во ЈП „Водовод“,извештај за реализација на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2019 година, предлог – Програма за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2020 година, како и извештаи за финансиско работење на ЈП „Куманово – план‘‘.

На дневен ред ќе се најде и предлог – програма за локален економски развој на Општина Куманово за 2020 година, Предлог – Одлука за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2020 година; Предлог – Одлука за измена на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за платите на државни службеници за 2020 година; Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за давање на користење на недвижна ствар – сопственост на Општина Куманово на Министерство за информатичко општество и администрација, Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2020 година, Предлог – Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за локален економски развој на Советот на Општина Куманово и Предлог – Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија на Советот на Општина Куманово.

Седницата исто како и претходните ќе може да се следи во живо на телевизија Плус, со почеток во 10 часот.

Коментари

коментар(и)