300 капачи дневно во бањата Стрновац

За одржување на бањата Стрновац последниве три години се грижи јавното комунално претпријатие „Козјак“ од Старо Нагоричане. Директорот Борко Соколовиќ објаснува дека протокот на водата е 12 литри во секунда , а температурата е константна во текот на целата година и изнесува 39,5 степени целзусови. На секои три дена се испушта водата од базенот , а потребни се само 3 до 4 часа повторно да се наполни со термоминералната вода. Бањата се наоѓа на три километри од општина Старо Нагоричане, а на 20-тина километри од Куманово.

-Лани, според податоците на ова претпријатие кое стопанисува со термоминералниот извор бањата Стрновец ја посетиле 8.000 капачи од градовите од североисточна Македонија, но и од јужна Србија, изјави Борко Соколовиќ, директор на ЈКП„Козјак“  , Старо Нагоричане

Посетителите се задоволни од она што моментно го нуди бањското лекувалиште , но сметаат дека овој локалитет заслужува да биде претворен во модерен спа центар.

Бањата се наоѓа на три километри од општина Старо Нагоричане, а на 20-тина километри од Куманово. По лековитоста, оваа бања се поистоветува со бањата во Бујановац.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)