310 нови ковид случаи во текот на изминатата седмица

Во текот на изминатата недела бројот на нови ковид позитивни случаи во Куманово и Липково е 310, а активните случаи достигнаа бројка од 927, заклучно вчерашната статистика на Министерството за здравство.

Во изминатата недела битката со вирусот ја загубиле 15 лица од Куманово и Липково, еден повеќе во споредба со минатата недела.

Досега оздравени во Куманово се вкупно 9.095 од лицата кои биле позитивни на вирусот.

Вкупно 401 пациент од Куманово починале од почетокот на епидемијата како резултат на компликации со вирусот, со што е на четврто место зад Скопје, Прилеп и Тетово.

Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани вкупно 10.439 случаи позитивни на коронавирусот со што е на трето место во државата според бројот на заразени, веднаш по Скопје и Тетово.

Од вкупната бројка на заразени, во овој момент активни се 15.171 случаи во целата држава.

На ниво на државата од почетокот на епидемијата се регистрирани 180.045 случаи, од кои во моментот се активни 15.171. Излекувани се 158.809, а починати 6.065 пациенти.

Коментари

коментар(и)