34 новозаболени кумановци од Ковид-19

Нови 726 случаи на Ковид -19 се регистрирани во изминатото деноноќие од направени 3.144 тестирања. Починати се седум лица, а оздравени 368 пациенти.
Најголем број од новозаболените повторно се во Скопје -367 по што следуваат Прилеп со 53, Куманово – 34, Неготино – 29, Кавадарци – 26, Битола – 25, Охрид – 23, Крива Паланка – 21, Велес – 18, Тетово – 17, Гевгелија – 14, Гостивар – 12 и Кочани со 10 нови случаи. Во останатите градови евидентирани се едноцифрен број на новозаболени.
Од починатите, двајца се од Скопје (77  и 74 години) и двајца од Кичево (71, 51), и по еден пациент од Битола (72), Неготино (67) и Кавадарци (64). Шест од пациентите се починати во болнички услови, а еден во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 526.870 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 103.746, бројката на оздравени е 91.875, а на починати е 3.151. Бројот на активни случаи изнесува 8.720.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)