34 новозаболени во Куманово

Во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 274, Прилеп 79, Кавадарци 55, Тетово 39, Куманово 34, Охрид 29, Гевгелија 26, Неготино 25, Велес 24, Штип 20, Гостивар 18, Битола 16, Струмица 13, Кочани 12, Струга и Крива Паланка по 11, Богданци 6, Крушево 5, Ресен 4, Свети Николе, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово, Кратово и Демир Капија по 3, Кичево 2, Берово 1.
Починати се 13 лица, по 4 пациенти од Скопје (85г, 78г, 72г, 64г) и Куманово (70г, 63г, 57г, 50г) и по еден пациент од Тетово (66г), Прилеп (72г), Битола (71г), Велес (75г) и Пробиштип (83г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Регистрирани се 215 оздравени пациенти од: Скопје 125, Прилеп 19, Кавадарци 13, Струмица 9, Велес 6, Битола 5, Тетово, Куманово и Неготино 4, Гевгелија, Делчево, Демир Капија, Кичево и Радовиш по 3, Гостивар, Ресен, Пробиштип и Демир Хисар по 2, Кочани, Крива Паланка и Виница по 1
Досега во земјата се направени вкупно 509.720 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 100.632, бројката на оздравени пациенти е 90.311, на починати е 3.098, а бројот на активни случаи изнесува 7.223.

Коментари

коментар(и)