3500 метри кубни смет извадени од речните корита

Од десетдневното чистење на коритата на реките Којнарка, Липковка и Кумановка извадени се  околу 3500 кубни метри отпад и зараснати дрвја. Освен отстранување на сметот од реките за овозможување на  слободен проток се планира и чистење на каналите во приградските населби.

– На овој начин ќе делуваме превентивно во пресрет на есенските и зимските врнежи и да превенираме можна поплава во овие трусни делови како што се Средорек, Бавчи и Никола Тесла  кадешто во изминатите периоди имаше излевање на речното корито и материјалнио штети, вели Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

Во акцијата за чистење на речните корита предвидени се неколку типа на машини во зависност од големината на речните корита. Надлежните апелираат граѓаните да бидат совесни и да не фрлаат смет во реките бидејќи ја загадуваат животната средина и ги зголемуваат шансите за настанување на поплави .

– Вториот дел е совеста и однесување на граѓаните кон животната средина. Оваа количина на смет што ја отстранивме 80 посто е од немарност на граѓаните,  фрлање на стари кревети, машини и животни.Односот кон реката не е само обврска на локалната самоуправа туку и на граѓанската совест, објаснува Дамјановски.

За чистење на речните корита  Општината ќе потроши околу 3 милиони денари, а градежните работи ги изведува фирмата Бетон градба од Куманово. Инаку Центар за управување со кризи за оваа намена одвои 10 тони нафта.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)