36 возачи казнети за пребрзо возење на територијата на Крива Паланка

СВР Куманово информира дека вчера во периодот од 14 до 20 часот на подрачјето на Крива Паланка спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 36 возачи. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. СВР Куманово апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Коментари

коментар(и)