37 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици

Во периодот од 06 до 10 часот на територијата на земјава е спроведена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата  констатирано е едно кривично дело по член 284-а од Кривичниот законик за возење без соодветна лиценца. Констатирани се 37 сообраќајни прекршоци, а на вонреден технички преглед биле упатени 14 возила. Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, велат од полицијата.

Коментари

коментар(и)