38 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици

МВР соопшти дека денеска во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата констатирани се 38 сообраќајни прекршоци, а на вонреден технички преглед биле упатени 13 возила.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови, информираат надлежните.

Коментари

коментар(и)