39.000 швајцарски франци за иновативен проект

Швајцарската агенција за развој и Министерството за локална самоуправа обезбедуваат скоро 39.000 швајцарски франци за реализација на иновативен проект во Североисточниот регион.

Граѓани од различни сектори денеска предлагаа идеи за каков проект да се потрошат овие средства, кои се обезбедени преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој го имплементира Центарот за развој на Североисточниот плански регион.

-Во овој проект моментално на овој настан ќе бидат идентификувани проектните идеи, ќе се разработи концепт. Треба да бидат најмалку пет проектни идеи, а три да се пратат на комисијата при швајцарската амбасада и министерството каде што ќе бидат разгледани и на крај ќе биде избран еден кој ќе се реализира оваа година-посочи Владимир Павловски од Центарот за развој на Североисточен регион.

Проектот треба да е со иновативен карактер, но нема одредени насоки од која сфера да биде.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)