4.502 Македонци примиле вакцина во Врање

Во Врање досега примиле вакцина 4.502 Македонци. Масовната вакцинација продолжи и викендов во Србија, каде нашите државјани бесплатно се вакцинираат без пријавување само со потребните лични документи.

Извештајот на Здравствениот дом во Врање, покажува дека во саботата, на 12 јуни бројот на вакцинирани граѓани на Северна Македонија е 581, а во неделата вакциниран е 391 Македонец.

Коментари

коментар(и)