42 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на земјава спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирано е едно кривично дело по член 284-а од Кривичниот законик поради возење без лиценца и 42 сообраќајни прекршоци. Упатени на вонреден технички преглед се три возила. Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, се вели во соопштението.

Коментари

коментар(и)