445 пензионери на бесплатна бања и викенд

445 пензионери поднеле барање до подрачната единица на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за користење на бесплатна бањско-климатска рекреација и бесплатен туристички викенд. Поголем дел од пензионерите, односно 225 , поднеле барање за бања, а останатите 190 аплицирале за бесплатен викенд.

-Бањско -климатска рекреација опфаќа шест полни пансиони со платен превоз и со лекарски надзор во самата бања, нашите пензионери обично се испраќаат во Катлановска бања, а постојат уште неколку бањи во кои се испраќаат пензионерите од РМ, Кежовица -Штип, Гевгелија и во Дебарската бања. За бесплатен туристички викенд има пријавено 190, овој проект е еден понов проект кој се вклопи заедно со бањско -климатска рекреација, се спроведува во Дојран, Крушево, Охрид, Преспа, Струга. Опфаќа 3 полни пансиони со организиран превоз за пензионерите, изјави Мирослав Стојановски, раководител на ФПИОМ, Куманово

Селекцијата на поднесените барања од пензионерите ја врши стручна комисија во Скопје составена од претставници на повеќе министерства и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување . Еден од основните критериуми за користење на оваа поволност  е висината на пензијата. Според надлежните, предност имаат  пензионерите со пониски пензии , со подолг пензионерски стаж и оние кои користат туѓа нега.

Кумановските пензионери кои веќе ја искористиле оваа поволност се задоволни од реализацијата на проектот.

Владиниот проект бесплатна бањско -климатска рекреација се реализира последниве пет години, а годинава на пензионерите им се овозможи и дополнителна рекреација преку бесплатен туристички викенд.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)