45 апликанти на третиот оглас за самовработување

45 невработени кумановци аплицирале на последниот оглас за мерката самовработување . Од центарот за вработување посочуваат дека и годинава има огромен интерес за оваа мерка, а се очекува да бидат отворени повеќе од 100 фирми , земајќи ги предвид и апликантите од претходните огласи. 54 бизнис планови се изберени на првиот оглас, а на вториот аплицирале 71 невработено лице.

– Евалуацијата од вториот оглас, се очекува да заврши до крајот на октомври, годинава, додека до Нова година се очекува целосна реализација на сите три огласи. Имаше и  дополнителните седум вработувања од првиот оглас, кога фирмите вработуваа невработени лица, активни баратели на пазарот на трудот, за што добива 1.500 евра или 92.000 денари неповратни средства. По тој основ имаме седум одобрени апликации, изјави Милорад Тренчевски , раководител на Центар за вработување – Куманово

Во Куманово голем интерес има и  за „Македонија вработува 2“. Досега преку овој проект се вработиле 104 лица, за што фирмите добивале ослободување од плаќање придонеси во зависност од возраста на ангажираното лице.

Овој проект се вклопува во мерката самовработување каде што лицата покрај добиениот грант, можат да ги користат и бенефитите од „Македонија вработува 2“.

Овој проект стартуваше во јули годинава. Според надлежните, во почетните вработувања од македонија вработува 2 се вклучени компании од различни стопански дејности и од различни региони од државата , а во најголем број случаи станува збор за компании од мал и среден обем односно фирми до 9 вработени лица и компании од 10 до 49 вработени лица.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)