Со низа манифестации годинава ќе се одбележи јубилејното, петто издание на Малински фото Фестивал. Годинава фестивалот за прв пат ќе се одржи во пет општини во државата, односно во Крива Паланка, Штип, Свети Николе, Куманово и Кратово. Ќе бидат претставени над 400 фотографии од 80-тина реномирани домашни и странски фотографи од Полска, Србија, Турција, Азарбеџан. Феставалот започна на 21-ви а ќе трае до 26-ти.
-25 ти и 26-ти се предвидени за Куманово, каде 25-ти особена чест ќе ни биде претставувањето на проектот За македонската фотографија, кој ќе влезе во историјата на македонската фотографија и на него ќе зборуваат Владимир Јовановски и Стефан Илиевски. Потоа следуваат проекции од реномирани фотографи. Продолжуваме следниот ден во 12 часот, најпрвин ќе биде меѓуклупската изложба на фото клуб Куманово и фото клуб Формат од Србија, потоа следуваат проекциите на учениците од ОУ Кочо Рацин, чиј ментор е Марина Крстиќ, која воедно е и претседател на фото клуб Куманвоо и потоа следуваат самостојни изложби на Бурак Шембак и Александар Драгишевски кој е член на фото клуб Куманово-истакна Маја Златковска од фото клуб Куманово.
Организаторите ветуваат загарантирана забава и одлични фотографии кои ќе ги задоволат вкусовите на љубителите на оваа уметност.