54 возачи возеле пребрзо на територија на СВР Куманово

На подрачјето на СВР Куманово во текот на вчерашниот ден, во период од 08 до 12 часот, спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната.

Санкционирани се 54 возачи, од кои  двајца возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од општината.

Коментари

коментар(и)