56 новозаболени кумановци од Ковид-19, едно починато лице

1.117 нови случаи на КОВИД-19 регистрирани се во текот на изминатото деноноќие во земјава, од нив 56 новозаболени граѓани на Куманово. Од вкупниот број на позитивни (1.117), регистрирани се 154 реинфекции.

Во последните 24 часа оздравеле 1.059 пациенти, а регистрирани се 14 починати лица, меѓу кои и кумановец на возраст од 89 години.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 8 починати лица.

Бројот на активни случаи на ниво на државата изнесува 8.821, а во Куманово – 392.

Коментари

коментар(и)