56 бизнисмени преку мерката самовработување

На 56 граѓани денеска им беа доделени договори  за отворање сопствен бизнис преку мерката самовработување што ја спроведува центарот за вработување во Куманово, а е дел од оперативниот план на владата на РМ. Од вкупно 112 апликанти на првиот оглас од мерката самовработување 56 лица изработиле успешен бизнис план, информира раководителот Милорад Тренчевски.

-Тоа се мали занаетчиски работилници, продавници, адвокатски канцеларии, но и производствени капацитети. На вториот оглас од истата мерка имаме околу 71 апликација од кои позитивно се оценети 46 бизнис планови, тие се на евалуација во централата во Скопје и очекуваме позитивен одговор за сите 46, изјави Милорад Тренчевски, раководител на Центар за вработување Куманово

Според анализите на центарот за вработување, дури 80 проценти од досегашните спроведени обуки од мерката самовработување успешно опстојуваат на пазарот на трудот. Надлежните потенцираат дека има претпријатија кои што започнале со еден вработен, а со тек на времето бројката на вработени достигнала 30 или 40 работници, особено во малите чевларски работилници и во текстилните капацитети.

– Оваа година учесниците во оваа мерка можат да го користат и законот за ослободување од придонеси Македонија вработува 2, значи  самото лице што е учесник во мерката самовработување може да биде ослободено од придонеси зависно од возрасната граница, ако е до 35 години ќе биде ослободено  3 години, од 35  до 55  години и од 55 – нагоре до пензионирање, изјави Тренчевски.

Токму поради  зголемениот интерес  на граѓаните за  мерката самовработување , центарот за вработување  денеска објави  уште еден оглас за самовработување што ќе трае до 20-ти  септември . Надлежните  ги повикуваат  сите невработени лица што имаат изводлив бизнис план и успешна идеја да дојдат  во центарот за вработување и да аплицираат за владината мерка.

Коментари

коментар(и)