566 возачи вчера санкционирани за пребрзо возење ширум државата

Вкупно, на целата територија на Република Северна Македонија санкционирани биле 566 возачи што возеле со брзина поголема од дозволената. Од нив, 279 надвор од населено место, а 287 во населено место. 18 возачи возеле со брзина 70 километри на час над дозволената брзина, а 65 возачи возеле со брзина 50 километри на час над дозволената брзина, информираат од полицијата.

Засилените контроли во сообраќајот продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до  учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни улици и патишта, стои во соопштението на МВР.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)