Во текот на изминатите два дена полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните знаци и прописи. На подрачјето на Куманово санкционирани се 57 возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, 15 за управување возило под дејство на алкохол и 7 за управување возило без возачка дозвола. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта- се вели во соопштението од СВР Куманово.
57 кумановци возеле над дозволената брзина
