6 починати и 322 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.246 тестови, а регистрирани се 322 нови случаи на КОВИД-19. Од нив 12 се од Куманово.
Истиот период регистрирани се 308 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Скопје (86 години), во болнички услови. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 5 починати лица, од: Скопје, Гостивар, Куманово, Тетово и Битола.

Бројот на активни случаи изнесува 1.972.

Коментари

коментар(и)