64 санкционирани возачи на територија на СВР Куманово

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 16.00 часот СВР Куманово продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, информираат од кумановската полиција.

При контролата санкционирани биле вкупно 64 возачи, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции и 11 за непрописно престигнување.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта, стои во соопштението.

Коментари

коментар(и)