644 полициски службеници ангажирани за пожарите

Во текот на изминатото деноноќие, во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на државата, од Министерството за внатрешни работи беа ангажирани околу  650 полициски службеници, реализирани 222 мото-патроли, при што беа користени 205 возила. Деноноќно на терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата: Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Единицата за брзо распоредување и Посебната единица за поддршка, кои несебично помагаат во гасење на пожарите. МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.

Коментари

коментар(и)