652 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 652 возачи. Од нив, 61 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 22 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 312 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 340 надвор од населено место. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од министерството.

Коментари

коментар(и)