67-годишна кумановка измамена за 2.300 евра

67-годишна кумановка утринава во полицијата пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2300 евра. Според пријавеното,  во текот на февруари 2021 година лицето и се јавило и  ѝ понудило да и помогне, односно дека може да издејствува да се укине пресудата за нејзинот син, кој бил на задолжително лекување во Психијатриска болница во Скопје. Откако се договориле, пријавителката од февруари до април во неколку наврати ги предала парите на лицето,  по што веќе не можела да стапи во контакт со него и се посомневала дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)