7 лица повредени во сообраќајка на патот Куманово-Липково

Вчеравечер во 21.30 чaсот се случила сообраќајка на регионалниот пат Куманово-Липково, кај с.Опае. Според МВР, до сообраќајката дошло при судир на патничко моторно возило „сеат ибица“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.М.(51) од с.Липково и патничко моторно возило „бмв 730“ со швајцарски национални ознаки, управувано од А.С.(26) од с.Опае.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „сеат ибица“,а со лесни телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште четири сопатници од двете возила, констатирани во Ургентниот центар Куманово.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)