70 години од пензионерските активности

Ако во првите години од  основањето  здружението на пензионери Куманово го трасираше својот пат,  а потоа следеше период на програмирани активности,  во последните десетина години  успеа да се етаблира во едно од најорганизираните здруженија во нашата држава, рече во пригодното обраќање пред присутните претседателот Спирко Николовски на свечената академија во младинскиот културен  центар по повод  седумдецениското активно делување на здружението. Во здружението членуваат  13.460 пензионери организирани во 34 пензионерски ограноци на подрачјата на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Тој додаде дека изминативе години,отворени се повеќе центри за  дневен престој на пензионерите во речиси сите населби во градот и во руралните средини во општините од регионот. Во овој период , посочи пензионерите добија бројни бенефиции, бесплатно бањска-климатска рекрација, бесплатни викенди,и дека постојано се работи на унапредување на активното живеење на пензионерите.

Претседателот на Сојузот на пензионерите на Македонија,Драги Аргировски ,обраќајќи се пред присутните,нагласи дека кумановското здружение е едно од најактивните во државата со функционирање на бројни секции .

Здружението на пензионери Куманово е пример како функционираат невладините организации кои оставруваат извонредна соработка со разните чинители во локалната заедница рече пред присутните градоначалникот Зоран Дамјановски.

На свечената академија, надлежните од  сојузот на пензионерите и кумановското здружение доделија благодарници и признанија на најуспешните пензионери, како и на соработниците на здружението и на преставниците на локалните власти на општините Куманово,Липково и Старо Нагоричане. На академијата присуствуваа и претставници на пензионери од други градови од државата и од државите од соседството.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)